Општина Прилеп од септември ќе субвенционира линиски превоз за најоддалечените села во нашата општина. Програмата за субвенционирање на линиски превоз ќе опфаќа субвенционирање на 15 литри гориво на поминати 100 км. за превоз два пати неделно, на превозниците кои ќе сообрајќаат на овие линии.
„Со ова, жителите од населените места, од септември ќе имаат редовна линија која ќе сообрајќа од градот кон населеното место и обратно. Целта е да им се олеснат условите за живот на овие жители. Линиите ќе сообрајќаат до најоодлечените населени места во општинава. Најпрво и најзначано е Прилеп -Витолиште, каде жителите од ова населено место плаќаат високи цени за превоз со такси. Потоа ќе следи линија за с.Чепигово, с. Подмол, линија до с.Мажучиште, с. Радобил …и сите делови од општината ќе бидат опфатени со овој линиски превоз.“- истакна претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Вкупната сумата за субвенционирње на линискиот превоз до најоддалечените села во прилепско, би ја чинела локалната самоуправа на Општина Прилеп околу 60 000 денари месечно, а ценовникот е за 20% до 30% понизок од цената на такси превозот кој го користат жителите од овие населени места за да дојдат во град.
„Жителите од неколку населени места имаат суштинска потреба да дојдат во градот, бидејќи немаат амбуланти, аптеки, колонијални продавници а минатата година прекинат им беше и ПТТ сообраќајот. За се’ мора да дојдат во градот, за лекарски прегледи, за обнова на лични документи, за плаќање на сметки, за купување намирници и слично, а за тоа плаќаат такси превоз, бидејќи во 2019 беше укинат јавниот превоз до овие населени места. Со оваа одлука на Советот на Општина Прилеп, Локалната самоуправа ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на жителите од населените места и ќе им го олесни пристапот до градот. Грижата за подобри услови за сите наши сограѓани останува наш приоритет“ – истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
Инаку, со последниот попис од 2021год. близу 6000 жители живеат во пооддалечените населени места во Општина Прилеп. Од нив, над 1000 жители се лица кои поради возраста, лошата здравствена или материјална положба, не се во можат да стигнат до градот поради немање јавен превоз.