Советниците на денешната 28 седница, донесоа одлука за предлог-измени и дополнувања на Планот на развојни програми на Општина Прилеп за 2023-2025 година, како и одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година.
Советниците на оваа седница одлучија да дадат поддршка на програма за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2023 година.
Советот на Општина Прилеп го разгледа и усвои кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за првиот квартал од 2023 година. Ја усвоија и Одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на стапката на данок на имот, а стана збор за измена и дополнување на Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на Општинската администрација на Општина Прилеп.
Советниците расправаа и за неколку комунални теми: за утврдување на потребата за поставување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп, за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп и одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележје – спомен плочи поставени на сквер (патека) во чест на славните личности од областа на културата од Прилеп. Воедно, Советот на Општина Прилеп одлучи да ја прифати предлог-одлуката за откажување на корисничкото право на градежно земјиште на две КП: КП 20894 и на КП 12156.
На оваа седница советниците дадоа согласност и на годишните планови за вработување во 2024 на две основни училишта: ООУ “Климент Охридски”-Прилеп и ООУ “Кочо Рацин”-Прилеп и согласност за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги, на директорот на ЈОУДГ, на административни службеници во ЈОУДГ за 2023 и на помошно-технички лица вработени во јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата, за период од 01.01.2023 до 31.12.2023 година.
На Седницата на Советот на Општина Прилеп, присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој одговараше на низа советнички прашања.