СООПШТЕТНИЕ ЗА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА 10 СЕЛА

Врз основа на член 35, став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА 10 СЕЛА и тоа: ПЛЕТВАР, ВИТОЛИШТЕ, ШТАВИЦА, ПОДМОЛ, ТРОЈКРСТИ, КАДИНО СЕЛО, СЕЛЦЕ, КРУШЕВИЦА, ГОЛЕМ РАДОБИЛ, ЛЕНИШТА – ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА 10 СЕЛА и тоа: ПЛЕТВАР, ВИТОЛИШТЕ, ШТАВИЦА, ПОДМОЛ, ТРОЈКРСТИ, КАДИНО СЕЛО, СЕЛЦЕ, КРУШЕВИЦА, ГОЛЕМ РАДОБИЛ, ЛЕНИШТА – ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 28.04.2023 година до 05.05.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 28.04.2023 година, петок, во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

 -Предлог-плановите и анкетните листови во прилог.

УПС Крушевица

УПС Плетвар

УПС Кадино

Анкетен лист за ЈА и ЈП Витолиште

Анкетен лист за ЈА и ЈП Голем Радобил

Анкетен лист за ЈА и ЈП Кадино Село

Анкетен лист за ЈА и ЈП Крушевица

Анкетен лист за ЈА и ЈП Леништа

Анкетен лист за ЈА и ЈП Плетвар

Анкетен лист за ЈА и ЈП Подмол

Анкетен лист за ЈА и ЈП Селце

Анкетен лист за ЈА и ЈП Тројкрсти

УПС ПОДМОЛ