Врз основа на член 30 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”5/2002) и член 91 од Статутот на Oпштина Прилеп (’’Службен гласник на Општина Прилеп” бр.6/2003, 4/2005, 11/2008, 9/2019, 5/2021), Градоначалникот на Oпштина Прилеп, донесе:
О Д Л У К А
за организирaње јавна трибина
Член 1
Со оваа Одлука се уредува организирањето на јавна трибина со цел носење на пропис за прашања од локален економски развој на Општина Прилеп.
Член 2
Јавната трибина ќе се одржи на ден 20.03.2023 година (понеделник) со почеток од 10 часот, во големата сала на Општина Прилеп.
На јавната трибина се покануваат сите заинтересирани граѓани и субјекти, со цел собирање и разгледување на мислења и предлози.
Се задолжуваат сектор за финансиски прашања и сектор за урбанизам и заштита на животната средина да изготват нацрт на одлуката за задолжување на Општина Прилеп преку издавање на обврзници, како и визуелен приказ на предлог-проектите.
Член 3
За јавната трибина се изготвува извештај.
Член 4
Одлуката влегува во сила од денот на донесувањето и истата да се објави на веб страната на Општина Прилеп и преку средствата за јавно информирање.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески