ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Врз основа на член 55 од Статутот на Општина Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп број 5 од 27.05.2021) член 5 од Одлуката за формирање на Локален младински совет, а во врска со член 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република   Северна Македонија“ бр.10/20), Општина Прилеп објавува:

 

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

 

  1. Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Прилеп распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.
  2. Локалното собрание на млади претставува тело кое е составено од по еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

 

Локалното собрание на млади објавува Јавен повик за кандидирање на членови за Локалниот младински совет на Општина Прилеп  и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

Од редовите на Локалното собрание на млади се избира и изгласува тричлена комисија, составена од членовте на Локалното собрание на млади, која е одговорна за следење на целокупниот процес за изборот на членови на Локалниот младински совет.

 

Членовите на Локалното собрание на млади не се ограничени од членување во Локалниот младински совет.

 

  1. Членовите на Локалното собрание на млади имаат задача:
  • Да работат на спроведување на активностите на Собранието.
  • Да учествуваат во подготовка на документи.
  • Да изберат членови на Локалниот младински совет.

 

 

  1. Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
  • Да имаат активности на територијата на Општина Прилеп;
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;
  • Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Прилеп и да се

на возраст од 15 до 29 години;

 

  1. Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е-маил адресата: sovetnikmladiprilep@gmail.com и до архивата на Општина Прилеп секој работен ден од 09:00-15:00 часот.

 

  1. Задолжителни документи:

 

  • Образец на пријава за номинација (Прилог бр.1)
  • Номинација на делегат и заменик-делегат со контакт-детали за претставниците (Прилог бр.2);
  • Образец на изјава за согласност за користење на лични од номинираното лице (Прилог бр.3)
  • Образец изјава за прифаќање на номинацијата за делегат/заменик делегат (Прилог бр.4)
  • Портфолио за работата на организацијата;
  • Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница;
  • CV на кандидатот;
  • Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Прилeп;

 

НАПОМЕНА:  Организациите кои се дел од иницијативниот одбор, односно имаат нивни претставници не е потребно повторно да ги доставуваат портфолиото за работа и годишниот извештај.

 

  1. Јавниот повик трае 8 (осум) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Прилеп, односно од 03.02.2023 година.

Рокот за пријавување е од 03.02.2023год. до 10.02.2023год.

 

 

  1. Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет на Општина Прилеп.

 

  1. За повеќе информации околку повикот може да се обратите на следниот е-маил sovetnikmladiprilep@gmail.com

Иницијативен одбор:

  1. Елена Николоска          ___________________________
  2. Марио Велковски ___________________________
  3. Александра Стојаноска ___________________________
  4. Стефани Мажучанец ____________________________
  5. Филип Стојаноски ____________________________

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Прилог број 1

Прилог број 2

Прилог број 3

Прилог број 4