Централната манифестација на чинот на осветување на водите во Прилеп ќе се изврши во дворoт на Црквата Св. Благовештение

Со цел почитување на духот, верата и традицијата, по барање на Прилепското архијерејско намесништво, централната манифестација во Прилеп, чинот на положувањето на Светиот крст на Богојавленије (Водици) на 19-ти јануари, ќе се изврши во водите на базенот во дворот во црквата Св. Благовештение.

Големиот Богојавленскиот водосвет ќе се изврши во 09:30 часот, а по Светиот Крст ќе се „фрлaат“ 20-тина паравославни верници. Оној кој ќе го „фати„ Светиот Крст ќе добие пригодни награди од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски, кој заедно со Претседателот на Совет, Дејан Проданоски, ќе присуствуваат на чинот на осветување на водите во црквата Св.Благовештение.

Чинот на осветување на водите ќе се одвива и во населените места во општина Прилеп: Селце(6:45), Витолиште(7:00), Бешиште(9:00), Ново Лагово(10:00), Мало Коњари(9:00), Големо Коњари (10:00), Беровци (11:00), Клепач(10:30), Ерековци, Полчиште(10:00), Галичани(12:00), Чепигово(12:00), Подмол (9:00),Тополчани (11:30), Штавица (10:30) и Загорани (12:30).

На чинот на положување на Светиот Крст во водите во чест на Христовото Богојавленије, во населниете места ќе бидат присутни советници од Советот на Оптшина Прилеп, а во некои населени места на овој чин ќе присуствуваат и Градоначалниот и Претседателот на Совет на Општина Прилеп.