Соопштение за ЈП и ЈА Волково

БР._______________

од________________.2022 год.

Прилеп

Врз основа на член 35, став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ВОЛКОВО СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 1, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Волково е ридско планинско село во општина Прилеп, која се наоѓа во североисточниот дел Пелагонискиот регион на надморска висина од околу 780.00 мнв. Селото Волково се наоѓа југозападно од градот Прилеп опкружено со атарите на село Селце-Прилеп од север, Прилепец од југоисток, Чумово од југ и Старо Лагово на запад. Селото Волково во атарот на КО Волково е опкружено со месностите Марко Стапалка од север, месност Воденици од југ. Определената и дадена ситуација на населбата поточно се наоѓа на југозапад од Прилеп на 10,30 km, а пристапот е преку асфалтен пат. Во с. Волково се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп-Битола, клучката кај Ново Лагово и Регионалниот пат Р1107 Прилеп – Витолиште, а во селото се влегува од југозапад. Југоисточно од селото поминува Волковска река.Во атарот на селото има изградено три мали акумулации за наводнување. Во селото, според пописот од 2002 година, живеат 42 жители. Селото има воглавно полјоделска и сточарска функција. Со оглед на населеноста, опкружувањето, местоположбата и значењето на селото, потребна е изработка на нова урбанистичко-планска документација.

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Волково со разработка на блок 1, Општина Прилеп, со површина од 6,88 ха, е дефиниран со следните граници:

– на север границата се движи по северната и источната граница на КП344 па продолжува по западната страна на КП471 се движи по границите на КП348, КП349,КП352,КП477,КП483 КО Волково , Општина Прилеп,

– на исток продолжува по источната граница на КП491 се движи до границата на КП901 се до КП538 КО Волково, Општина Прилеп,

– на југ границата продолжува по јужната граница на КП538, се движи по КП541,КП542,КП545, па продолжува по источната и јужната граница на КП532, КП548/2,КП570/2 , КО Волково, Општина Прилеп

– на запад продолжува по осовините на КП570/1 , КП556, КП558, КП465, ја пресекува КП466 се до КП344 КО Волково ,Општина Прилеп.

За конкретниот плански опфат, претходно изработен урбанистичко планска документација е на ниво на Општ акт за населено место Волково, изработенa 1998 годинa, одобрен со одлука на Совет со бр. 07-893/1 од 17,07,1998 год. но истиот не е во важност.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 6,88ха.

Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.

Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ВОЛКОВО СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 1, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 23.11.2022 година до 30.11.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.11.2022 година, петок, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

                       

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

 

Одлука Волково

Соопштение Волково

УПС Волково