Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

ОПШТИНА ПРИЛЕП
ОБЈАВУВА


Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола


Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-2009/1 од 15.12.2020 година.
Подносител на барањето:
„Фимар Балкан“ АД Скопје, Подружница бр.1 с.Присад, Прилеп
Адреса на локацијата: ул.„Македонија“ бр.43 МА-17 Скопје – Центар, Центар


Категорија на инсталација:


Прилог 2, Точка 3.Индустрија на минерали, подточка 3.2. Инсталации за ископ,
дробење, мелење, сеење и загревање на минерални суровини
.
Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена во просториите на:

Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот
Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека Барањето за Б – интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница
www.prilep.gov.mk на општина Прилеп.
Информации во врска со барањето заинтересираната јавност може да се добие во општина Прилеп. Сите засегнати правни и физички лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето имаат право да достават мислења и коментари во писмена форма до општина Прилеп, ул. Прилепски бранители бб, 7500 Прилеп.

Општина Прилеп
Градоначалник Борче Јовчески

Фимар Балкан (1)

Општина Прилеп објавува (1)