Случајно или намерно не престанува опожарувањето на автомобили во општина Прилеп. Рано утрово опожарен е автомобилот на раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Прилеп.
Ова е обид за повторно нарушување на безбедносната состојба во Прилеп. Општината и Советот на Општина Прилеп веќе неколку месеци бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи и ОВР Прилеп. Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции остануваат глуви и ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот.
Општина Прилеп го осудува чинот на насилство, кој последователно се случува во Прилеп и го нарушува јавниот ред и мир во градот. И, бара под итно да се стави крај на ваквите немили сцени кои влеваат страв и несигурност кај граѓаните, а МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност и да најдат начин да превенираат во зачувувањето на редот и мирот со цел во иднина да не се повторуваат вакви застрашувачки сцени.
Со почит
Општина Прилеп
21.07.2022