18 -ТО УСПЕШНО ИЗДАНИЕ НА „ПИВО-ФЕСТ ПРИЛЕП 2022“

По изминатите четири спектакуларни вечери, во Прилеп синоќа заврши најголемиот балкански фестивал на пивото и скарата – Пивофест Прилеп 2022.
Синоќа во Прилеп заврши 18 издание на пивото и скарата Пиво-Фест 2022. Сите четири фестивалски вечери поминаа во весело раположение, со ладно пиво и вкусна скара, со голем број посетители од земјата и странство, во добра организација и незаборавна фестивалска дружба.


Сите се задоволни како помина фестивалот. Во Прилеп сите се забавуваа со музичките ѕвезди кои ја направија незаборавна атмосферата на 18 издание на Пивофест во Прилеп. На четирите фестивалски денови на двете сцени, главната и алтернативната, настапија над 35 музички имиња, поединци и групи, а беше понудена музика за сечии вкус од различни жанрови.

Во текот на денешниот ден штандовите беа отстранети и целото централно градско подрачје комуналните служби го исчистија, а уште денес во вечерните часови ќе се врати регуларното одвивање на сообрајќајот во центарот на Прилеп.
На денешната прес конференција на која што присуствуваа градоначалникот Борче Јовчески и претставникот на Арт Тен Продукцијата, Пеце Стоикоски, како организатор на годинешниот пивофестот, изнесените ставови беа дека 18 издание на Пиво-Фест Прилеп беше беспрекорно успешно.

Интегрален текст од денешната прес-конференција:

„Почитувани присутни ви благодарам за вашето присуство, почитувани медиуми вам ви благодарам за тоа што го следевте и го промовиравте „Пиво-Фест Прилеп 2022“.
Со задоволство на ден после завршувањето на најголемиот и најмасовниот Фестивал на пивото и скарата во Македонија, можеме да констатираме дека Пиво-Фест помина апсолутно беспрекорно. Со најголем број на изведувачи кои што настапиле на главната сцена за 4 дена.
За добрата организација на 18. издание на „Пиво-Фест“ се заслужни сите, и естрадните уметници, и пиварниците и угостителите и гостите кои ни дојдоа од сите страни на Македонија и пошироко.
Сите придонесоа за одлично издание на Пиво-фестот. Иако во почетокот не се знаеше дали ќе се одржи, поради политичката ситуација и енергетската криза. Сепак, граѓаните го бараа ова, за враќање на традицијата, како и за забава и за заживување на локалната економија, што и реално се случи во овие четири фестивалски денови. Сите денови се пиеше пиво, се јадеше вкусна скара, се посетуваа прилепските локали и старата прилепска чаршија и верувам дека голем број посетители своите средства ги оставија тука, во Прилеп.
Локалната самоуправа и Јавните комунални претпријатија како и сите институции и служби одговорно беа на висината на задачата. Јавната чистота беше на највисоко ниво. Од рано наутро се переа улиците и беше собран целиот смет од вечерните забави на Пивофестот. Само за 4 дена ЈКП „Комуналец“ собра 50 тона ѓубре, што е навистина голем труд и напор, и градот повторно секое утро го имаше својот беспрекорен урбан изглед!
Примивме над 3000 возила, кои беа безбедно паркирани во нашиот град и безбедно си заминуваа.

Имавме над 100.000 посетители од земјава и иселеници од странство. Бројка која не е за потценување, бидејќи Прилеп не е туристички град. Се надевам дека ќе го вратиме на мапата на интересни туристички дестинации со манифестациите кои ќе ги организираме, бидејќи еве потврдивме дека може да се организира беспрекорно и за кратко време една ваква голема манифестација.
Организацијата беше на највисоко ниво. Немаше поголеми инциденти, освен некои ситни и незначителни кои се дел од ваква фестивалска атмосфера.
Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со годинешниот организатор со ова уште еднаш докажаа дека, Прилеп е најфестивалски град во Република Македонија и дека повторно и покрај сите тешкотии продолжува да се развива и да ги почитува своите граѓани!
Ви благодарам!“