Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор се воведува Делумна забрана за движење во шума на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми“-Скопје на сите лица во шумите и шумските појаси од 24.06.2022 година во терминот од 06:00 до 20:00 часот.
Делумната забрана за движење во шума стапува на сила од 24.06.2022 и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од шумски пожари, односно до нејзино отповикување.