ОПШТИНА ПРИЛЕП
Сектор за урбанизам,комунални работи и заштита на животна средина
Број: 10-498/8 од 17.05.2022 год.
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), член 123 став (1) и член 126 став (1) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Градоначалникот на Општина Прилеп, постапувајќи по бр.10-3121/1 од 16.12.2021 година за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола, од страна на Друштвото за производство, трговија и услуги МЕРМЕР ИМПЕРИЈАЛ ДОО увоз-извоз Прилеп, со седиште на ул. Александар Македонски бб Прилеп, за инсталација за експлоатација на минерална суровина оникс и травертин на локалитетот „Декова Дабица“ с.Бешиште Општина Прилеп, а по спроведена постапка за издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола, донесува:
РЕШЕНИЕ
за издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола
- СЕ ИЗДАВА Б-интегрирана еколошка дозвола на операторот Друштво за производство, трговија и услуги МЕРМЕР ИМПЕРИЈАЛ ДОО увоз-извоз Прилеп, со седиште на ул. Александар Македонски бб, Прилеп, за инсталација за експлоатација на минерална суровина оникс и травертин на локалитетот „Декова Дабица“ с.Бешиште, Општина Прилеп.
- СЕ ЗАДОЛЖУВА Операторот на инсталацијата Друштво за производство, трговија и услуги МЕРМЕР ИМПЕРИЈАЛ ДОО увоз-извоз Прилеп, да постапува во согласност со условите и обврските дефинирани во оваа дозвола.
- Б-интегрираната еколошка дозвола ќе се објави во дневен печат, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на издавањето, на сметка на барателот.
- Ова решение влегува во сила од денот на донесувањето.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Друштво за производство, трговија и услуги МЕРМЕР ИМПЕРИЈАЛ ДОО увоз-извоз Прилеп (понатаму:барател), до Градоначаникот на општина Прилеп поднесе барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 10-3121/1 на ден 16.12.2021 година (понатаму: барање), за инсталација за експлоатација на минерална суровина оникс и травертин на локалитетот „Декова Дабица“ с.Бешиште Општина Прилеп.
Дејноста што ја врши барателот, спаѓа во Прилог 2, Точка 3. Индустрија на минерали, подточка 3.2. Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење и загревање на минерални суровини, која согласно член 122 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ бр.89/05), задолжително подлежи на добивање Б-интегрирана еколошка дозвола.
Надлежниот орган за издавање Б-интегрирана еколошка дозвола, согласно член 123 став (1) од Законот за животната средина (понатаму: надлежен орган), го разгледа доставеното барање и дополнителната документација, по што изготви решение со пресметка за надоместок при поднесување на барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола бр.10-498/1 од 11.02.2022 година и го достави до барателот и до Секторот за финансиски прашања на Општина Прилеп. Износот на надоместокот беше пресметан согласно Уредбата за висината на надоместокот кој треба да го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за Б-интегрирана еколошка дозвола („Службен весник на Република Македонија“ бр.117/07, 64/10 и 186/16).
Барателот изврши уплата на надоместокот при поднесување на барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола и електронски достави доказ за извршената уплата.
По разгледување на поднесеното барање, надлежниот орган изврши увид на лице место и изготви Записник бр.10-498/2 од 28.02.2022 година.
Надлежниот орган до барателот достави Известување за објава во дневен печат на барањето бр.10-498/3 од 28.02.2022 година.
Барателот го објави барањето во дневен печат на ден 15.03.2022 година и истото беше објавено на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk.
Надлежниот орган изврши достава на документацијата до Сектор инспекторат-овластен инспектор за животна средина бр.10-498/4 од 15.03.2022 година.
Надлежниот орган до барателот достави Известување за плаќање на административна такса бр.10-498/5 од 12.04.2022 година.
Барателот изврши уплата на административната такса и електронски достави доказ за извршената уплата.
По истекување на законскиот рок од објавата на барањето во дневен печат и на веб страната на Општина Прилеп, од страна на барателот и сасегнатата јавност немаше никакви забелешки кон барањето за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола.
Надлежниот орган на 15.04.2022 година изготви Нацрт дозвола со бр. 10-498/6.
Надлежниот орган до барателот ја достави изготвената нацрт дозвола во печатена форма и Известување за објава на Нацрт дозволата во дневен печат бр.10-498/7 од 15.04.2022 година.
Барателот ја објави Нацрт дозволата во дневен печат на ден 27.04.2022 година и истата беше објавено на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk.
По истекот на законскиот рок од објавата на Нацрт дозволата во дневен печат и на веб страната на Општина Прилеп, од страна на барателот немаше никакви забелешки по изготвената нацрт дозвола.
Надлежниот орган врз основа на целосното барање, по завршувањето на целокупната постапка и согласно надлежностите кои произлегуваат од член 123 став (1) и член 126 став (1) од Законот за животната средина, утврди дека барателот ги исполнува условите за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола.
Б-интегрираната еколошка дозвола ќе се објави на веб страната на Општина Прилеп и во еден дневен весник достапен на целата територија на Република Северна Македонија во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на издавањето, при што објавата во дневниот весник е на трошок на барателот, а согласно член 113 и член 122 став(4) од Законот за животната средина.
Врз основа на горенаведеното надлежниот орган одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРАВНА ПОУКА: Согласно член 126 став (2) од Законот за животната средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), против ова решение може да се поднесе жалба во писмена форма до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од 15 дена од денот на донесување на решението.
За жалбата се уплаќаат 250 денари административни такси, на примачот НБРСМ, на с-ка1000 000 000 63095, уплатна с-ка 84015603182, приходна шифра 722315.
Решено во Општина Прилеп, Градоначалник на Општина Прилеп, на ————– година, под број 10-498/8
Изготвил: Љупчо Петрески
Одобрил:
Помошник Раководител за Сектор за Урбанизам,
Комунални работи и заштита на животна средина
Викторија Јовчевски Спиркоска
Градоначалник на Општина Прилеп
Борче Јовчески
Доставено до:
- Архива на Општина Прилеп
- Друштво за производство, трговија и услуги МЕРМЕР ИМПЕРИЈАЛ ДОО увоз-извоз Прилеп
- Сектор инспекторат на Општина Прилеп
- Министерство за животна средина и просторно планирање
Решение за Б-интегрирана еколошка дозвола
Објава на решение и Б-Интегрирана еколошка дозвола