Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20) и донесената ПРОГРАМА за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-157/32 од 17.01.2022 година обајвена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.01/22 и ПРОГРАМА за измени и дополнување на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-569/9 од 24.02.2022 година објавена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.02/22, донесена од страна на Советот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА Е1.13 – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ ДО 1 МW НА ГП 01, КП 7, КО СТАРО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП
член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организра Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА Е1.13 – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ ДО 1 МW НА ГП 01, КП 7, КО СТАРО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со Технички број: 11-1/2021 изработен од „АКСИС“ ДОО Прилеп.
член 2
Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА Е1.13 – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ ДО 1 МW НА ГП 01, КП 7, КО СТАРО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕНА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП7, КП20, КП21, КП22/1, КП23, КП24/1, КП24/2, КП25, КП26, КП27, КП28, КП29/1, КП29/2, КП30, КП31, КП32, КП33, КП34 во КО Старо Лагово, Општина Прилеп со бр. Y34821 и Решение за Условит/е за планирање на просторот издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање со Арх. Бр. УП1-15 1514/2022 од 10.01.2022год.
Планскиот опфат е дефиниран со границита на НА КП 7, КО СТАРО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП со површина од 8752м2 и следните координати на прекршочни точки:
Површината на проектниот опфат изнесува 8754m2. Описот на проектниот опфат почнува од нектегоризираниот пат во правец свер-југ кој поминува покрај КП7 и ја опфаќа целосната површина на КП7. Сите катастарски парцели (КП) се наоѓаат во КО Старо Лагово Општина Прилеп. Проектниот опфат се наоѓа во КО Старо Лагово, односно 2 км воздушно од село Старо Лагово, и 4.2км воздушно од центарот на Прилеп. Наведената КП е во непосредна близина со КО Ново Лагово, и истата се граничи со катастарска парецели кои во Агенцијата за недвижност на катастар се регистрирани како ЈАВЕН ПАТ.
ЈАВЕН УВИД
На на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА Е1.13 – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ ДО 1 МW НА ГП 01, КП 7, КО СТАРО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со Технички број: 11-1/2021 изработен од „АКСИС“ ДОО Прилеп ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 09.05.2022 до 23.05.2022 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 15.30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.