Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 11 седница на која присуствуваше и градоначалникот Борче Јовчески чие присуство беше повод за поставување на советнички прашања од страна на советниците.
На седницата советниците расправаа и го усвоија Кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Прилеп за првиот квартал од оваа година.
Со мнозинство гласови беа усвоени Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на Јавно претпријатие за енергетски дејности како и предлог решенијата за разрешување и именување на членови во управниот и надзорниот одбор на истото.
Исто така на 11-тата седница беа усвоени одлуките за давање на согласност на тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ и ЈКП „Комуналец“ за периодот од 01.01.2022 до 31.03.2022 година како и одлуките за давање на согласност на Годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување во 2022 година во ЈКП „Пазари“ и Одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за измена на Статутот на ЈКП “Водовод и канализација“.
Советниците едногласно ги усвоија Одлуката за определување на ширината на крајбрежниот појас во водотеците во Планскиот опфат на УПС Крстец, КО Крстец како и Одлуката за формирање на Локален младински совет на Општина Прилеп.