Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна Програма за Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на E1- Нов 10(20) kV кабелски вод низ КП бр.2022, КП бр.2024, КП бр.2028, КП бр.2029, КП бр.2030, КП бр.2031, КП бр.2032, КП бр.2042, КП бр.2571, КП бр.2574, КП бр.2724, КП бр.2725, КП бр.3012 (КО Присад) со број 10-481/2 од 23.02.2022 година од Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година и Решение бр.08-37/4 од 04.04.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:
РЕШЕНИЕ
Се одобрува Проектна програма, поднесена со барање број 10-1234/1 од 19.04.2022 година и број на постапка 42108, за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на E1- Нов 10(20) kV кабелски вод низ КП бр.2022, КП бр.2024, КП бр.2028, КП бр.2029, КП бр.2030, КП бр.2031, КП бр.2032, КП бр.2042, КП бр.2571, КП бр.2574, КП бр.2724, КП бр.2725, КП бр.3012 (КО Присад)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Барателот „Биро за урбанизам Томе ДООЕЛ Битола“, до Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана согласно Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година и Решение бр.08-37/4 од 04.04.2022 година, поднесе барање број 10-1234/1 од 19.04.2022 година и број на постапка 42108 за одобрување на Проектна програма за Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на E1- Нов 10(20) kV кабелски вод низ КП бр.2022, КП бр.2024, КП бр.2028, КП бр.2029, КП бр.2030, КП бр.2031, КП бр.2032, КП бр.2042, КП бр.2571, КП бр.2574, КП бр.2724, КП бр.2725, КП бр.3012 (КО Присад).
Со барањето ја приложи следната документација и докази:
- Предлог Проектна програма
Изработувачот на проектната документација изработи Проектна програма за израбнотка на Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на E1- Нов 10(20) kV кабелски вод низ КП бр.2022, КП бр.2024, КП бр.2028, КП бр.2029, КП бр.2030, КП бр.2031, КП бр.2032, КП бр.2042, КП бр.2571, КП бр.2574, КП бр.2724, КП бр.2725, КП бр.3012 (КО Присад), и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.
Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.
ПРАВНА ПОУКА:
Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.