Со цел подобрување на сите состојби на територијата на Општина Прилеп, Градоначалникот и службите постојано се на терен во интерес на граѓаните.
При такви рутински секојдневни излегувања на терен констатирана е состојба на клучката при влезот за Прилеп од страна на Битола, дека уличното осветлување не е во функција.
Во насока на транспарентноста на Општина Прилеп, потенцираме дека иако тој дел од сообраќајница не е под надлежност на локалната самоуправа, а спаѓа во надлежност на Јавното претпријатие за Државни патишта, сепак поради тоа што станува збор за состојба од јавен интерес, од општината е пуштен допис и барање до истиот надлежен орган за што побрзо санирање на дефектот во осветлувањето на овој дел од клучката за безбедно одвивање на сообраќајот и на сите учесници во него.
Како општина главен акцент и фокус на реализација ни се проекти за урбанизација на сите влезови во град Прилеп.