Денес Градоначалникот на Општина Прилеп ги прими членовите на Велосипедскиот клуб „Илинден„ кои ја освоија шампионската титула во младински категории.
Заврши натпреварувачката сезона во велосипедизам за 2021г , каде Велосипедскиот клуб „Илинден“ за прв пат се натпреваруваше во три дисциплини – друмски велосипедизам, планински велосипедизам и вело крос. ВК „Илинден“ забележителни резултати постигна во сите три дисциплини во поединечна и екипна конкуренција, но најдобри беа во категоријата друмски велосипедизам каде втора година по ред ја освојуваат шампионската титула.
Одлични резултати покажаа и во поединечна конкуренција во сите останати категории:
Андреј Маџоски – категорија Кадети
- III место на ранг листа, друмски велосипедизам (исти бодови со второпласираниот);
- III место на ранг листа, планински велосипедизам;
- III место на ранг листа, вело крос;
- II место – Државно првенство во хронометар;
- III место – Државно друмско првенство;
- III место – Државно брдско првенство.
Андреј Маџоски е репрезентативец во кадетска категорија и стана корисник на стипендија од Агенција за млади и спорт – Спортска надеж.
Константин Костоски – категорија У-15
- I место на ранг листа, друмски велосипедизам;
- I место – Државно првенство во хронометар;
- I место – Државно друмско првенство;
- II место – Државно брдско првенство.
Стефан Маџоски – категорија У-13
- I место на ранг листа, друмски велосипедизам;
- II место на ранг листа, планински велосипедизам;
- I место – Државно првенство во хронометар;
- I место – Државно друмско првенство;
- II место – Државно брдско првенство.
Свој допридонес во освојувањето на Шампионската титула во млади категории дадоа и Младен Петрески и Никола Ристески на кои ова им беше прва натпреварувачка сезона.