Се одобрува Планска програма за изработка на Урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана

БР.10-310/3  од  15.02.2022година  ПРИЛЕП

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на Планска програма за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 mw, КО Тополчани, Општина Прилеп, од Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, го издава следното:

                                                                РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма, поднесена со барање број 10-310/1 од 31.01.2022 година, за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 mw, КО Тополчани, Општина Прилеп.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје до Комисијата за урбанизам формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп поднесе барање за одобрување на Планска програма, со број 10-310/1 од 31.01.2022година, за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 mw, КО Тополчани, Општина Прилеп.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Планска програма

Изработувачот на планската документација изработи Планска програма за  изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 mw, КО Тополчани, Општина Прилеп, и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 44 став 7 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот на ова решение.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

                                                                                        ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                         Борче Јовчески

10-310-3 решение за одобрување на ПП од градоначалник 12,4

Planska_programa_UPVNM_Topolcani_01_s

Записник втора работна седница ПТ 10.02.2022

Предлог за одобрување на планска програма за УПВНМ тополчани

Решение за одобрување на планска програма УПВНМ – Тополчани