Денес се реактивираше работата на Економскиот совет на Општина Прилеп, нешто што претставуваше дел од предизборните ветувања на градоначалникот Јовчески во делот на локалниот економски развој.
Градоначалникот Борче Јовчески на првата воедно конститутивна седница посочи дека ќе се формира работно тело на советот во кој што ќе има постојани и непостојани членови кои се дел од бизнис секторот на Прилеп, стопанската и занаетчиската комора, јавните претпријатија, локалната самоуправа, јавниот сектор, невладините и здруженијата на граѓани како и професионалци од областа на културата, образованието, здравството и други.
Економскиот совет со сигурност ќе претставува еден вид на симбиоза на нашето стопанство, со општината, јавниот сектор, чаршијата и здруженијата на граѓани.
Целта е да се решаваат проблемите и да се разменуваат идеи за побрз економски развој на Општината, посочи градоначалникот Јовчески.