Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески заедно со својот гостин, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски ја посетија локацијата каде во тек се активностите за интензивно расчистување на дивите депонии. Моментално екипи од ЈКП „Комуналец“ интензивно работат на расчистување на локацијата во близина на обиколницата кај „Жито Прилеп“ .
На оваа локација планирано е да се чисти се до потегот на излезот од населбата Варош. Како што информираа од ЈКП „Комуналец“ на овој потег не е извршено темелно чистење веќе подолго временски период. Како последица по должината на локалниот пат направени се голем број диви депонии каде има големи количини на комунален и градежен отпад.
Отпадот од дивите депонии се собира со градежни машини и се транспортира во депонијата Алинци. Според планот за работа по дислокацијата на дивите депонии, предвидено е комуналците да продолжат со чистење на вегетацијата.
Исто така градоначалникот Јовчески заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски ја посетија улицата „Јоска Јорданоски“ каде во тек се градежни активности околу поставување на нов асфалтен слој.