Градоначалникот Борче Јовчески денеска изврши увид на улицата “Радовишка“ каде е поставена нова канализациона мрежа и истата улица веднаш после зафатот е тампонирана. Улицата е со должина од 180 метри и ширина од 5,5 метри. Улицата “Радовишка“ се наоѓа во населбата “Гоце Делчев“.