Водовод и канализација

ЈКП “Водовод и Канализација” – Прилеп е организирано на два главни сектори и тоа:

  • Технички сектор
  • Финансиско – административен сектор

Техничкиот сектор е носител на главните активности на претпријатието а тоа е снабдување на населението со вода и одведување на отпадните води (фекални и атмосферски). Работата на овој сектор е обемна и ги опфаќа сите технички активности на претпријатието. Овој сектор е поделен на следните одделенија:

  • Одделение за одржување и изградба на водоводи;
  • Одделение за инвестиции
  • Одделение санитарна контрола
  • Одделение канализација
  • Одделение водомерна работилница

Секое одделение има раководител на одделението, кој врши надзор на своите вработени и за тековната работа и проблемите кои настануваат во истото го известува раководителот на Техничкиот сектор. Раководителот на Техничкиот сектор одговара пред Директорот за сите активности во тековното работење на претпријатието.

Финансискиот сектор на претпријатието ги извршува сите активности поврзани со финансиските активности од читање на состојбата на водомерите во куќните приклучоци, печатење на сметки за потрошена вода, наплата на сметки за вода, директен контакт со корисниците за сите потреби кои претпријатието може да ги реализира преку својата дејност, активностите поврзани со правниот статус и организацијата на претпријатието како и регулирање на статусот на вработените во претпријатието. Финансискиот сектор е поделен на следните одделенија:

  • Одделение сметководство
  • Одделение наплата
  • Одделение за АОП
  • Одделение правни работи

Секое одделение има свој раководител кој ја контролира и регулира работата на вработените во одделението. Раководителите поднесуваат извештај за своето работење пред раководителот на секторот. Раководителот на Финансискиот сектор одговара директно пред Директорот на претпријатието.

Бројот на вработени во претпријатието е одреден со одлука на Управен одбор. Доклолку има потреба од дополнителен персонал, потребна е и нова одлука на Управен одбор.

Во однос на вработените, ЈКП “Водовод и Канализација” – Прилеп е доста флексибилно во поглед на потребите и развојот на претпријатието, како и развојот на активностите поврзани со работата на проектите во кои учествува.

Под систем за водоснабдување на населението со секогаш хигиенски исправна вода за пиење се подразбира збир на хидротехнички објекти и постројки на зафаќање на вода за пиење – (извори со каптажи, бунари, зафати од акумулации), постројки за кондиционирање на водата (фабрики за преработка на вода и дезинфекција, водоводната мрежа …

Водоводната мрежа е составен дел на водоводниот систем.

Водоводната мрежа ја сочинува системот на цевоводот за транспорт и дистрибуција на сурова и преработена вода, кои се протегаат од зафатните градби или уредите за пречистување, па се до крајните корисници на вода, заедно со соодветните арматури, објектите и уредите на нив.

Цевоводите се делат на магистрални цевоводи (главни доводи), примарна (дистрибутивна) и секундарна мрежа, терцијарна мрежа (куќни приклучоци).

Во согласност со техничките прописи и барања за експлоатација и одржување на цевоводите се вградуваат затворачи, воздушни вентили, редуктори на притисок, хидранти, испусти, мерни уреди и др.

Со цел да се обезбеди редовно и уредно одржување на водоводната мрежа неопходно е да се утврди степенот на приоритет и значењето на поедини објекти во рамките на дадениот систем, а со тоа и врстата, начинот и зачестеноста на активностите и нивното одржување.

Основни критериуми за утврдување на категоријата на објектите се:

  • Профил на цевоводот;
  • Вид на материјалот од кој е направен цевоводот;
  • Локацијата на цевоводот (во урбанизиран или не дел од градот);
  • Староста на цевоводот;
  • Техничката состојба на цевоводот;
  • Притисок на цевоводот;
  • Значењето на потрошувачите кои се приклучени на соодветниот цевовод (болници, училишта);

Добро одржување на водоводната мрежа подразбира многу активности на планот на обезбедување на уредна и непрекината испорака на вода и тоа со постојан режим на снабдување (одреден притисок во мрежата и гарантиран квалитет на водата).

Со цел да се остварат овие принципи, треба да се настојува следното:

  • Цевоводите заедно со соодветните арматури, објекти, уредите и станбените приклучоци постојано да се одржуваат во исправна состојба, што може да се оствари по пат на контрола на изведувањето на потребните работи во рамките на редовно и инвестиционо одржување;
  • Навреме да се превземат сите потребни мерки околу замена на одредени цевоводи или делови на мрежата;
  • Редовно да се испитува и анализира работата на целокупната водоводна мрежа, заради одржување на оптималниот режим и благовремено да се превземаат неопхопдните работи на натамошното подобрување на постојаниот режим;
  • Брзо и организирано да се работи на одстранување на настанатите дефекти;
  • Секојдневно да се испитува квалитетот на испорачаната вода;

Плански да се работи на истражување на причините за губитоците на вода и на нивно намалување.

Водоводот на град Прилеп започнат е да се гради во далечната 1952 година, а неговата изградба континуирано трае до денес.

Во овој момент ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп одржува еден сложен систем. Зафаќањето на вода и нејзино внесување во системот е можно од четири изворишта:

  • Регионален водовод “Студенчица” со капацитет до 650 л/с
  • Градски извори со нивните издашности
  • Леково 10-20 л/с
  • Пештерица 10-20 л/с
  • Душници 10-15 л/с
  • Пашоски Ливади 10-30 л/с
  • Градски бунари
  • Бунарско подрачје Кошарка 60 л/с
  • Бунарско подраче Кишојца – Орушица 110 л/с
  • Филтерна станица “Варош” со капацитет од 60 л/с

Обезбеденост на водоснабдувањеето по време и количина е 90% од РВ “Студенчица”, а 10 % од локалните извори, во години со нормално водоснабдување.

Бунарските системи и филтерната станица Варош имаат карактер на интервентни количини на вода во оние години кога издашноста на РВ “Студенчица” не е доволна за нормално водоснабдување на сите општини .

Системот работи со три резервоари: Резервоар “Варош” со В = 8040 м³ и кота на дно 718 м.н.в., резервоар “Топташ” со В = 2800 м³ и кота на дно 710 м.н.в. за ниска зона и резервоар во “Варош” со В = 225 м³ и кота на дно 738,4 м.н.в. за висока зона.

Располагаме уште со еден резервоар за ниска зона со запремина од 1300 м³ и кота на прелив 697 м.н.в. Во моментот не се користи. Конзервиран е и во добра кондиција

По однос на надморската висина на која се наоѓаат објектите, градот е поделен на две висински зони, висока и ниска, а границата меѓу нив е кота 670 м.н.в.

Високата зона се состои од две големи подзони: ВЗ Варош и ВЗ Рид .

Водоводната мрежа има приближна должина од 170 км, а на неа се вградени голем број разновидна опрема и арматура.

Мрежата е изградена од азбест-цементни, лиено-железни, пластични, полиетиленски и поцинкувани цевки. Најзастапен материјал е азбест-цементот 54 %, потоа полиетиленот 36%, а остатокот отпаѓа на другите профили. Во однос на дијаметарот располагаме со различни профили од ø 700 мм до ø 50 мм. Најчесто се користени цевките од С – тип за работен притисок од 10 бар. Најзастапен систем е системот “Витлак”. Работните притисоци во мрежата се движат од 2,5 до 3 бар за ниска зона, а до 5 бар за висока зона.

Корисниците се поврзани на дистрибутивната мрежа со посебни приклучоци. Бројот на куќни приклучоци, приклучоци за индустрија и институции изнесува 24 000 приклучоци .

ДОЛЖИНА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА

Дијаметар (ø)

Должина (м)

Материјал

Вид на цевоводи

700

280

Ацц

Магистрален

600

390

Ацц

Магистрален

500

140

Ацц

Магистрален

400

11.855

Ацц

Магистрален

400

200

Пвц

Магистрален

400

323

Пе

Магистрален

300

18.255

Ацц

Примарен

300

1.226

Пе

Примарен

200

7.324

Гус

Примарен

200

3.475

Ацц

Примарен

200

2.315

Пе

Примарен

150

8.189

Пе

Примарен

150

2.790

Пвц

Примарен

125

8.065

Ацц

Секундарен

125

800

Пвц

Секундарен

100

11.724

Пе

Секундарен

100

7.500

Ацц

Секундарен

80

11.150

Пвц, Гус

Секундарен

90

23.875

Пе

Секундарен

60

1.070

Челични

Секундарен

50

23.085

Пе

Секундарен

1” – 3”

6.860

Поцинкувани

Секундарен

Вкупно

150.891

ЈКП ВиК ги водоснабдува следните села, односно стопанисува со мрежите во нив. Дел од нив имаат сопствен бунар, а дел се поврзани на РВ Студенчица.

Населено место

Извориште

Должина на мрежа

Тополчани

Бунар

3000

Кадино село

Бунар

2890

Беровци

Бунар

3371

Големо Коњари

Бунар

7500

Мало Коњари

Бунар

4200

Галичани

Бунар

3041

Мажучиште

Студенчица

2500

Селце

Студенчица

1670

Ново Лагово

Студенчица

4220

Вкупна должина

31192 м1

Оперативниот план на Одделение “Канализација” за одржување на фекална и атмосферска канализација во град Прилеп е замислен на следниот начин:

Се планира целокупното градско подрачје кое е опфатено со канализација да биде најмалку барем еднаш контролирано и исчистено.

Имено оперативната група за чистење на ревизиони шахти да ги контролира и исчисти истите ако во нив има талог, а после тоа специјалното возило под притисок да ги испери каналите.

Исто така и оперативната група за чистење на улични сливници

да ги контролира и исчисти уличните сливници да го транспортира материјалот во трактор и го однесе до одредено место за тоа.

Ова е планирано да се работи по реони (населби) и тоа по следниот начин:

НАСЕЛБА-УЛИЦА Фекална ø – м1 Атмосферска ø – м1
1. Населба Старо Корзо /корзо маало/
Цар Самоил ø 200-470 ø 900-650
Цар Самоил ø 250-646 ø1500-448
Цане Коњарец ø 200-775 ø 250-330
Битолска ø 200-76

ø 400-370

ø 400-440

 

Лазо Филипоски ø 200-439 ø 300-325
Бошко Јанкоски ø 200-188 ø 300-185
Савка Манеска ø 200-181 ø 300-150
Кире Гаврилоски ø 200-325 ø 500-280
Цена Џинорозот ø 200-325 ø 250-275
2. Населба Тризла
Тризла ø 200-252

ø 250-215

ø 400-440
Партизанска ø 200-381
Лазар Заменхов ø 200-360

 

ø 250-275

ø 300-250

Пиринска ø 200-1225 ø 300-600

ø 600-1050

11ти Октомври ø 200-415 ø 300-150

ø 900-325

Мукос ø 250-591 ø 200-200

ø 300-150

Круме Волнароски ø 200-700

ø 300-575

ø 300-650

ø 800-525

Мице Козар ø 200-825

ø 250-295

ø 300-415

Дебарска ø 200-325 ø 600-375
Даме Груев ø 200-325

ø 250-275

ø 500-367

ø 300-150

Митко Цветаноски ø 200-645 ø 250-550
Браќа Шемскоски ø 200-325 ø 300-290
3. Населба „Бончејца”
Будимаш ø 250-337 ø 300-550
Андон Слабејко ø 200-275

ø 600-623

ø 300-200
Браќа Нунески ø 200-195 ø 300-180
Тале Христов ø 400-410
Киро Фетак ø 200-360 ø 400-400
А. С. Џемо ø 200-290 ø 300-240
Браќа Стеваноски ø 400-490 ø 800-510
Браќа Бешироски ø 200-230

ø 250-185

ø 300-360
Димо Наредникот ø 400-270 ø 800-161

ø 900-92

ø 1000-215

ø 1200-290

ø 1500-205

Д.Ј. Дабовски ø 200-300                ø 300-260
Зеленик ø 200-110                ø 250-95
4. Населба „Рид”
Борка Талески ø 200-875

ø 250-275

ø 300-130

ø 300-950

 

Владо Стојаноски ø 200-458 ø 300-350
Вера Циривири ø 200-1120
Круме Спиркоски ø 200-130 ø 250-130
Мирче Ацев ø 200-200

ø 250-579

ø 500-568

ø 800-300

Ѓорѓи Димитров ø 200-1000 ø 300-275

ø 500-410

Христо Узунов ø 200-300 ø 250-290
Пенка Котеска  ø 200-1175 ø 250-800
Димитар Влахов ø 200-450
Трајко Тарцан ø 200-160 ø 300-661
Петар Поп-Арсов ø 200-220 ø 250-240
5. Населба „Кузман 1” и „Кузман 2”
3ти Ноември ø 200-410 ø 250-525
Антон Панов ø 200-180
Круме Беќар ø 200-450 ø 300-400
7ми Април ø 200-150
К.К. Петровиќ ø 200-415 ø 300-350
Методија Патчев ø 200-360
Комитска ø 200-160 ø 300-380
Илија Дреноски ø 200-320
6. Населба „Аличаир”
К.К. Платник ø 300-340 ø 600-125

ø 800-250

Крушевска ø 300-230 ø 300-320
Перагонија ø 200-150 ø 300-155
11ти Октомври ø 350-422 ø 600-368
Манчу Матак ø 200-130 ø 250-100
Диме Димески ø 300-200 ø 1200350
Јоска Јорданоски ø 200-300 ø 400-280

ø 800-375

Марко Цепенков ø 200-130 ø 250-100
Коле Неделкоски ø 200-170 ø 300-150
Васко КАрангелески ø 200-450

ø 250-450

ø 400-242

ø 500-314

Цане Коњарец  ø 1200-250 ø 300-85
Н.Н.Борче  ø 9200-195 ø 300-195
Шар Планина ø 200-230 ø 300-190
7. Населба „11ти Октомври” (типски куќи) под касарни
Кеј 19ти Септември ø 200-500
Рајко Жинзифов ø 200-330
Февруарски поход ø 200-100
Оревоечка ø 200-380 ø 300-380
Партизански одреди ø 200-433 ø 300-453
Победа
Борка Спиркоски ø 200-370 ø 300-370
О.Т.Шемко ø 200-396 ø 300-396
Шашко Брашнаров ø 200-434 ø 300-434
Гемишка ø 200-320 ø 300-280
Ѓоре Ѓорески ø 200-315 ø 300-270
Д.М. Бањарот ø 200-280
8. Населба Варошко маало
Архимандрит Доситеј ø 350-647

ø 400-271

ø 300-273

ø 500-273

 ø 800-63

 ø 1000-125

К. Јосифоски
Ристе Секирчанец ø 200-325 ø 300-320
Борка Влачарот ø 200-220 ø 250-200
Егејска ø 200-385

ø 300-446

ø 300-310

ø 400-100

ø 600-415

ø 800-128

Димо Наредникот ø 300-788
Сотка Џигиџик ø 200-300 ø 250-280
К.Р.Србино ø 400-271
9. Населба”Багеска Ограда”
 

Панде Чесноска

 

ø 300-200

 

ø 1000-200

Пионерска ø 200-150
Кузман Јосифоски ø 300-210

 ø 250-1100

ø 1000-75

 

Круме Јоскоски ø 200-300 ø 600-515

 ø 400-1000

ø 500-108

ø 1500-310

Ладо Лапецот ø 200-625
Оцка Михајлоски ø 200-130
10. Населба „Ѓогдере”
Драган Димоски ø 200-400 ø 250-365
Цане Илиоски ø 200-335 ø 300-320
Спасе Темелкоски ø 200-325 ø 250-310
Благоја Спиркоски
Климент Охридски ø 200-295 ø 250-210
Никола Вапцаров ø 200-200 ø 250-185
11. Населба „Марино Маало”
5та Прилепска ø 200-587 ø 500-425
Кузман Шапкарев
Петар Ацев ø 200-520 ø 300-180
Ѓорѓи Сугаре
Октомвриска  ø 200-1105 ø 500-720
Никола Тесла ø 200-300 ø 250-210
Пере Тошев
Св. Јован Бигорски
Пенко Здравкоски ø 200-270 ø 250-210
Алаксандар Македонски ø 250-992

ø 300-302

ø 350-334

ø 400-584

ø 500-863

ø 400-1700

ø 500-349

ø 800-384

ø 1200-206

ø 1500-226

Централното подрачје на град Прилеп и Стара Чаршија ќе се контролира редовно преку целата година и кога за тоа ќе има потреба.

Исто така и главните колектори.

При одржувањето на фекалната и атмосферската канализација Одделението “Канализација” се има сретнато со голем број на неправилности и потешкотии од различна природа.

Тешкотии кои се јавуваат од техничка природа се следниве:

–           Неправилно димензионирање и изведена фекална и атмосферска канализација;

–           Неправилно бетонирани ревизиони шахти;

–           Неправилно поставени улични капаци на ревизиони шахти;

–           Нештеловани ревизиони шахти и др.

Други неправилности и тешкотии се јавуваат од несовесност и недисциплинираност на граѓаните од град Прилеп, а тоа се:

–           депонирање на различен градежен материјал врз ревизионите шахти и уличните сливници;

–           Неправилно (диво) вклучување во атмосферската и фекалната канализација;

–           Недозволено фрлање на разни предмети во канализационата мрежа како: коски, пепел, гипс, цемент, крпи, песок, потоа недозволено фрлање на отпаден материјал од казарници, недозволено фрлање на неупотребена зимница и др.

–           Оштетување на капаци од ревизиони шахти и

–           Оштетување на решетки од улични сливници.