Известување до јавност за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер

Согласно член 3 точка 5 од Правилникот за користење на финансиски средства од
буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер број 09-595/33 од 15.03.2021 година (Службен Гласник на Општина Прилеп бр.3 од 15.03.2021), Општина Прилеп заклучно со вторник, 06.04.2021 година, повеќе нема да прима барања по однос на Јавниот повик за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер заради целосна реализација на предвидениот буџет.

Со почит,

Општина Прилеп