Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 22 до 28 март 2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 22 до 28 март 2021 година, во општина Прилеп имало 404 нови случаи на Ковид-19;
- Од последици на коронавирусот починале 20 лица;
- Бројот на активни случаи изнесува 1.030;
- Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 6.933, а од вирусот починале 327 лица.