Јубилеј: 60 години постоење на СОУ “Ристе Ристески – Ричко“

Со положување на свежо цвеќе на Могилата на непобедените од страна на
претставници на Општина Прилеп, општинскиот Совет и на вработените, СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп го одбележа 60-годишниот јубилеј.

Јубилејот беше одбележан со изработка на портрет на патронот на училиштето,
Ристе Ристески-Ричко, дело на професорот Методи Исков, со колаж и историско
видео изработени од ученици од средното училиште, како и со видео-рецитал и
уметнички приказ на портрети.

Патронатот беше одбележан со целосно запазување на мерките за заштита од
пандемијата на Ковид-19, а сите останати активности подготвени за големиот
јубилеј, можат да се најдат на редизајнираната веб страница на училиштето
ricko.edu.mk.