- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 36 нови случаи на коронавирус;
- Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 73-годишна возраст;
- Бројот на активни случаи изнесува 272, од кои 236 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување;
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 573 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1009;
- Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 50 лица.
Со почит,
Општина Прилеп