Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 29-ти септември

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 нови случаи на коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест;

Бројот на активни случаи изнесува 125, од кои 94 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекување;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 269 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 673.