Општина Прилеп ги продолжува тековните активности за инфраструктурно уредување на градот и населените места.
Покрај реконструкцијата и рехабилитацијата на улиците, континуирано се работи на поставување бекатон на тротоари и јавни површини во повеќе делови од градот, и тоа на „Ленин“ и „Кресненско востание“, како и на просторот помеѓу улиците „Бидимаш“ и булеварот „Гоце Делчев“, во населбата „Бончејца“.
Истовремено, со полн ек се одвиваат работите на улицата „Прилепски бранители“, а започнаа и градежните активности на последната фаза од реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, од раскрсницата кај поранешната Градска кафеана, до семафорите пред ЦК „Марко Цепенков“.
Она што треба да се истакне, е дека со обележувањето на велосипедските патеки и поставувањето на хоризонталната сигнализација, комплетно се заокружува првата фаза од реконструкцијата на главната сообраќајна артерија во градот, булеварот „Гоце Делчев“, кој му дава нов и поубав лик на централното градско подрачје и кој ќе претставува гордост на градот и на граѓаните на Прилеп.