Јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 35, став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се  организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за четврт 6, блок 6.2, КО Прилеп,Општина Прилеп. Границата на планскиот опфат е дефинирана по следниот редослед:

Планскиот опфат кој е предмет на изработка на деталниот урбанистички план е дефиниран со следните граници:

Западната граница се движи по должина на осовината на собирната улица, ул.“Трајко Николоски” со ознака С6 во должина од 648,32м’, на исток оди по осовината на речното корито на река “Ореовечка” во должина од 245,45м’ со што ја формира јужната граница на опфатот, потоа врти во северен правец по осовината на железничката пруга Прилеп – Битола, во должина од 845,77м’ со што ја формира источната и североисточната граница на опфатот, се до почетната точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со површината на планскиот опфат 161830,77 м2, односно 16,18ха.

Преметниот плански опфат е дел од четврт 6, блок 6.2 од Планска документација – измена и дополнување на Генерален урбанистички план за град Прилеп, донесен со одлука на Советот на општина Прилеп бр. 25-2888/5 од 28.12.2015 год.

Во рамките на планскиот опфат најзастапена е група на класа на намена А – домување, потоа групата класа на намена Г – производство, дистрибуција и сервиси и основната класа на намена Д2 – заштитно зеленило.

Јавна анкета и јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за четврт 6, блок 6.2,  ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 24.07.2020г. до 07.08.2020г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 31.07.2020 година во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Преземете ги ПЛАНОТ и ОДЛУКАТА