Јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 35 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 ,163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

СООПШТЕНИЕ

Се организира јавна презентација и јавна анкета по ПРЕДЛОГ ПЛАН – УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА НА Е2-КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА, ГРАДБИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА, ТЕРМОЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА НА БИОГАС И СООБРАЌАЈНО РЕГУЛИРАЊЕ НА КРСТОСНИЦАТА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1107, место викано ДУЈ ГАС, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, фаза предлог план, плански период 2020-2030, Општина Прилеп со следните граници:

Површината на планскиот опфат изнесува 7.51ha. Планскиот опфат е лоциран на ~6.5km јужно од центарот на градот Прилеп, односно ~0,65km од вкрстувањето на магистралниот патен правец А3* со регионалниот патен правец Р1107 магистрален патен правец А3 (Крстосница Требениште-врска со А-2-крстосница Подмоље-ОхридКосел-Ресен-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Кочани-Делчево-граница со Бугарија-граничен премин Рамна Нива), делница Битола-крстосница Кукуречани-граница со Грција-граничен премин Меџитлија-делница Косел-врска со А-3-Охрид-граница со Албанија-граничен премин Љубаниште) регионален патен правец Р1107 (Градско (врска со А1)-Росоман-Кавадарци-Мушов Гроб-Витолиште-Лагово (врска со А3)) Ознаките на релевантните патни правци се превземени од Одлуката за категоризација на државните патишта („Службен весник на Република Македонија” број 133/11, 150/11 и 20/12. Описот на планскиот опфат почнува од север и се движи кон исток во насока на стрелките на часовникот. На северната страна се наоѓа регионалниот пат Р1107, на исток планскиот опфат граничи со КП 353/2, КП 354/1, КП 396/8-дел, КП 213, КП214, КП 210, на југ граничи со КП 400, на запад граничи со КП 201, КП 200, КП 206, КП 396/8-дел, КП 234-дел, КП 233-дел, КП 232/1-дел. Во границите на планскиот опфат се наоѓаат следните катастарски парцели; КП 203, КП 204, КП 205, КП 229/1, КП 207, КП 208, КП 209, КП 211, КП 212, КП 227, КП 228/1, КП 228/2, КП 232/3-дел, КП 235/3-дел, КП 352/2-дел, КП 353/3-дел, КП 354/3-дел, КП 232/1-дел, КП 233-дел, КП 234-дел, КП 229/3-дел.

Јавната анкета и јавната презентација по ПРЕДЛОГ ПЛАН – УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА НА Е2-КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА, ГРАДБИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА, ТЕРМОЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА НА БИОГАС И СООБРАЌАЈНО РЕГУЛИРАЊЕ НА КРСТОСНИЦАТА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1107, место викано ДУЈ ГАС, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, фаза предлог план, плански период 2020-2030, Општина Прилеп , ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 5 работни дена односно од 24.06.2020 до 30.06.2020година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 26.06.2020г. во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Преземете соопштение и графички прилог.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Илија Јованоски