Празници, време за подарување! Во нечиј дом блескава елка накитена со безброј лампиони и околу неа лица насмеани и среќни, во друг пак само едно гранче од свежо скината смрека накитена со два-три грижно сочувани украси, и тажни детски лица .Впрочем сите среќни семејства наликуваат едни на други ,а несреќните ја доживуваат несреќата на посебен начин Надвор-виулица! Царува студот. Штама, само стариот собирач на пластика се вее на ветрот!Социјални разлики!Помислата на ваквите спротивности го разгорува хуманото жарче во секое големо човечко срце.
Живот! На секого од Бога подарен, секој со своја ѕвезда на небото, бара место под Сонцето. Сите сме дошле на овој свет толку мали и беспомошни, сме учеле да ги изговараме првите зборови, да ги направиме првите чекори, уште од мали нозе. Не учеле да бидеме добри луѓе, да правиме добри, хумани дела! Но зборовите би биле нечии празни сништа ако ние не сакаме на животот со милост да гледаме. Секој човек е личност за себе, никој не смее да биде отфрлен, запоставен, понижен. Секој болен, немоќен, сиромашен е личност со име и презиме, човечко битие со желби и соништа, со свои амбиции, кои за жал не секогаш можат да се остварат! Секоја испружена рака која моли за помош, боли и пече посилно од оган.
Велат-човек е голем колку што умее да дава!
Давањето помош нека биде од срце, со љубов и притоа секогаш да се има на ум дека тркалото на среќата се врти! На секој може да му се случи болест, сиромаштија, поплава, пожар и разни непогодности па дури и трагедии, кога животот ти станува бесмислен.Да ги почуствуваме страдањата на отфрлените,солзите на напуштените ,болката на повредените.Ете, тогаш, се потребни хуманите луѓе, нивната помош и добрина да отвори нова светлина! Да! На светот му се потребни луѓе-мисионери на лубовта и хуманостаЛуѓе кои насекаде,низ сите земји и меридијани ке го сеат семето на верата ,надежта, љубовта и добрината,без разлика на полот бојата на кожата вероисповеста.
Светот ја памети и знае Мајка Тереза-жената која со своето благородно дело зрачи со општочовечка љубов и хуманост ги задолжи сите луѓе и народи Нејзината хуманост нека биде светилник за изборот и на нашиот животен пат.Хуманоста да ја изградиме како цврст темел на меѓучовечките односи!На несреќниот со топол и искрен збор да му испратиме порака за верба и надеж,искрената насмевка и добриот совет понекогаш имаат извонредна сила и моќ .Нашата должност е да бидеме хумани битија. Да споделиме да помогнеме,да дадеме подршка Да гледаме кон другите со емпатија,почит и разбирање,да дадеме отпор кон неправдата.
Сепак реалноста,светот денес го сочинуваат оние кои гледаат низ призмата на себичност и лутина и оние добри, хумани, насмеани кои секогаш се трудат да го направат животот поубав, својот и на другите! А животот тече,брза како брз воз изгубен низ маглата и снегот, брза без намера да се врати! Ако побрзаме, сеуште имаме можност да го стигнеме последниот вагон, силно да се стиснеме еден до друг, ако не можеме да го заприме барем да ја промениме неговата насока! Јас силно верувам, тоа можеме заедно да го сториме!Хуманоста во секој од нас е како мистериозен сликар кој може да направи ремек –дело од животот на секој поединец и животот на сите луѓе колективно.
Борис Ночески IX5 одд.
ООУ”Кире Гаврилоски-Јане”
Ментор : Сузана Николоска