Поделени педесетина хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства од општина Прилеп

Волонтерите на Општина Прилеп, на педесетина социјално загрозени
семејства и самохрани родители од нашата општина, денеска им поделија
хуманитарни пакети со прехрамбени артикли, а кои претходно беа донирани на
Општинската организација на Црвениот крст од страна на неколку општествено
– одговорни компании.

Хуманитарната помош за најранливите семејства, следуваше после неколкуте
апели кои, градоначалникот Јованоски ги упати до компаниите и поголемите
маркети од општината, за да им се помогне на нашите сограѓани кои се наоѓаат
во потешна егзистенцијална состојба, а чија ситуација е уште повеќе влошена
со кризата на коронавирусот.

Хуманитарните пакети, наменети за граѓаните од Прилеп, до Црвениот крст
беа доставени преку Регионалната канцеларија на Стопанската комора од
нашиот град.

Хуманитарните активности за донирање на хуманитарни пакети на ранливите
семејства, ќе продолжат и наредните денови.