Денеска финишираше дводневната акција за целосна дезинфекција на градот, спроведена од страна на Општина Прилеп.
После вчерашната дезинфекција на улиците во градот, денеска беа дезинфицирани јавните површини пред станбените згради, влезовите и скалите, се’ до највисоките катови на зградите.
Акцијата ја спроведоа триесетина волонтери, кои согласно планот на Општинскиот кризен штаб, со електрични и моторни пумпи ги дезинфицираа сите згради на територијата на град Прилеп.
Со почетокот на новата работна недела, градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот штаб за управување на кризи, ќе одлучат за начинот на кој ќе продолжи справувањето со пандемијата на КОВИД-19 и, во таа насока, за евентуалното преземање нови мерки.