Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 лица позитивни на КОВИД-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка. Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 496 лица. Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час.
Со почит,
Општина Прилеп