Денешната 41 седница на Советот на општина Прилеп, помина во знакот на усвојување на предложените препораки на градоначалникот Илија Јованоски за локалните мерки за заштита од пандемија на населението од коронавирусот, на територија на општина Прилеп.
Покрај тоа, советниците ја изгласаа и Годишната сметка на буџетот на Општина Прилеп за 2019 година која, како што истакна претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски, имаше реализација од 49 отсто.
„Ова е најголемата искористеност, односно реализација на капиталните инвестиции во последните неколку години. Исто така, Советот ги усвои и годишните сметки за 2019 година на Детски градинки ‘Наша иднина’, Домот за стари лица ‘Киро Крстески-Платник’ и Градската библиотека ‘Борка Талески’. На денешната седница беа усвоени и Годишните сметки на сите општински основни и средни училишта“, истакна претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски.
На денешната седница, советниците и донесоа неколку други одлуки од интерес на граѓаните на општина Прилеп, меѓу кои беа и легализирањето на повеќе бесправно изградените објекти.