Во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8.Март, советници и претставници од локалната самоуправа ги посетија штитеничките од домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, при што заедно со директорот на оваа институција, Мики Крстев, им подарија цвеќе и пригодни подароци.
Честитајќи им го празникот на штитеничките и вработените жени од домот за стари лица, претставниците од општинскиот Совет и локалната самоуправа истакнаа дека вековната борба на жената за остварување на своите права, денес дава видливи резултати, а жените во општеството имаат свој статус и свое место.
Директорот на домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, Мики Крстев посакувајќи им добро здравје и уште многу прослави на празникот 8.Март, истакна дека со многу труд и работа, постигнати се евидентни успеси во подобрувањето на негата и хигиената во домот, а подобрени се и условите за работа и престој на штитениците во оваа институција.
Истовремено, во пресрет на 8.Март, делегации од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп и Сојузот на борци од нашиот град, денеска положија цвеќе пред споменикот „Жена борец“ во Паркот на револуцијата.