Еден од тоалетите во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ е прилагоден и адаптиран кон
условите кои се неопходни за лицата со посебни потреби, а со средствата
обезбедени од организацијата на Есенскиот и Велигденскиот панаѓур, набавени
се 10 нови ЛЦД телевизори. Со тоа, како што потенцираше директорката на ова
училиште, Кети Стевананџија, ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ од Прилеп оствари
дел од целите на Годишната програма
„Со новиот Закон за основно образование, а со цел подобрување на инклузивната
клима, еден од тоалетите го прилагодивме за учениците и вработените лица со
посебни потреби. Во контекст на истото, во тек е и јавна набавка за изградба на
пристапна рампа. Во оваа прилика сакам да имсе заблагодарам на сите наши
наставници, на учениците и на нивните родители кои со своите изработки и
креации овозможија нашите панаѓури да бидат успешни. Нашето училиште има
традиција да организира два панаѓура годишно, итоа Есенскиот под мотото
‘Здрава храна’ и Велигденскиот панаѓур. Финансиските средства кои се
обезбедија, се наменија за потребите на училиштето. Преку Советот на родители,
со овие финансиски средства се набавени 10 нови ЛЦД телевизори кои ќе бидат
поставени во училниците по предметна настава, а со нив нашето училиште ќе
биде целосно покриено. Тоа значи дека во секоја училница ќе има уште по едно
наставно помагало“, истакна директорката Стевананџија.
Истовремено, таа потврди дека училиштето ќе ја продолжи традицијата за
организирање на панаѓури, со цел да се обезбедат средства за набавка на
апарати за прочистување на воздухот за сите училници.