Започна деветтото издание на турнирот во мал фудбал „Св.Никола“

Прилепската „Универзална сала“ по 9. пат ги отвори вратите за учесниците на хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2019“.

Турнирот за отворен го прогласи претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски.

„Огромно е задоволството од сознанието дека на годинешното издание на овој традиционален турнир во мал фудбал, имаме рекорден број на пријавени екипи, вкупно 79. Тоа е само уште еден доказ дека Прилеп е најфудбалскиот град во нашата држава, дека има публика која знае со аплауз да го награди секој потег на фудбалските виртуози. Турнирот и оваа година го задржува хуманитарниот карактер – собраните средства ќе бидат наменети за лекување на нашиот млад сограѓанин Дејан Најдоски“, истакна Талевски.

Од 79.екипи, 40 ќе се натпреваруваат во сениорска категорија, 11 во конкуренција на ветерани и 28 во категоријата пионери.

И годинава, организатори на турнирот се Локалниот спортски сојуз – Прилеп, компанијата „Комфи Ангел“ и Општина Прилеп. На првопласираната екипа во сениорска конкуренција ќе и’ припаднат 160.000 денари, на второпласираната 90.000 а 60.000 денари ќе добие третопласираната екипа. Кај ветераните, на победникот ќе му припаднат 20.000 денари.

На првиот натпреварувачки ден на турнирот, беа постигнати следните резултати:

СЕНИОРИ

„Авто Контрол“ – Автошкола „Прима” 4:1

„Авто Контрол“ – „Гентерм“ 2:0

„Марбет“ – „Fast Food 5-ka“ 0:1

„Тризла 2“ – „Брест Хем“ 3:0

„Јока“ – ФК „Прилеп Сити“ 1:2

„Декор колор-Кожувч.“–„Стовар.Дебреште“ 1 :1 (3:2) п.

„Теа – Андреа“ – „ЈП за ПУП“ 7:1

„Теа – Андреа“ – „Пекара Алекс“ 6:0

 

ВЕТЕРАНИ

„Мермерен Ком. АД“ – „Пекара Џулијано“ 3:0

„Партизан“ – „Теа Дизајн“ 3:2