Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 35.Итна седница, на чиј дневен ред се најдоа две точки.
Откако советниците ја изгласаа оправданоста на итноста на седницата, без дискусија донесоа едногласна одлука за потврдување на Решенијата за формирање на комисии за процена на штетите настанати со невремето кое го зафати поширокиот регион на општина Прилеп во 2018 и 2019 година.
Исто така, едногласно и без дискусија, советниците ја усвоија предлог-одлуката за проширување на средствата на буџетот на Општина Прилеп за 2019 година.