ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп ги известува граѓаните на општина Прилеп, дека од почетокот на месец декември 2019 година, при уплата на сметките за водни услуги во АД за Поштенски сообраќај „Македонска пошта“ – Подружница Прилеп, ќе им се наплаќа тарифа – провизија, според Правилник за надоместоци на услуги.
Од тие причини, за да ги избегнат дополнителните трошоци и провизијата, ЈКП „Водовод и канализација“ апелира до граѓаните, сметките за водни услуги да ги плаќаат во наплатните центри на јавното комунално претпријатие во градскиот пазар, во Точила, во дирекцијата на ЈКП „Водовод и канализација“, или на електронскиот портал https://www.vik-prilep.mk
Повеќе информации за електронската наплата на сметките, граѓаните можат да добијат од деталното упатство кое се наоѓа на електронскиот портал на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.