Јавната презентација на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти за потпроектот “Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Прилеп и Проектот за локална и регионална конкурентност.
Електронската верзија од Планот за управување со животна средина за проектот е достапна на следните веб страни:
Општина Прилеп: www.prilep.gov.mk
Проектна канцеларија: www.lrcp.mk
Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РСМ: www.tourismmacedonia.gov.mk
Доколку имате коментар/сугестија или дополнување на предложените мерки од Список за проверка на Планот за управување со животната средина и социјални аспекти доставете го до назначените одговорни лица од оваа листа во период од 14 дена по денот на објавување на Планот за управување со животната средина.
Ве молиме Вашите коментари за подобрување на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти за проектот “ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО – НОВИ АВАНТУРИ, НОВИ МОЖНОСТИ”да ги доставите на контакт адресите наведени во Формуларот за доставување на коментари и сугестии кој може да го преземете од линковите од оваа објава или во просториите на Општина Прилеп.
Јавната презентација на планот ќе се одржи на ден 10.10.2019г. во 10:00 часот во просториите на Општина Прилеп.