Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, во вторник, 17.09.2019 година, во периодот од 08.00 часот до 16.00 часот, на гарнизонското стрелиште „Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања од пешадиско вооружување.
Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум, реон и време, да не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.