Во рамките на чествувањата на државниот празник „Климент Охридски“, патронот на основното училиште во Прилеп, синоќа се одржа ораторска вечер во градската библиотека „Борка Талески“ на која учениците говореа на различни теми.
„Како училиште постоиме веќе 55 години и се грижиме за квалитетен образовен систем. На ораторската вечер имавме и гости од Битола. Беше навистина настан за восхит, зашто учениците ја покажаа својата креативност, начин на размислување. Денеска во чест на празникот се одржа литературно читање, а во тек се и спортските натпревари“, изјави Зоран Сребреноски. директор на ООУ „Климент Охридски
Во рамките на чествувањето на патрониот празник, во година кога училиштето слави јубилеј- 55 години успешна работа, утре во 09:00ч. делегација од наставници и ученици ќе положат свежи цвеќиња пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во центарот на градот и на Могилата на непобедените. А, вечерта од 18.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи свечена академија, на која ќе присуствува и градоначалникот Илија Јованоски.