Со финансиска помош од Општина Прилеп, избегнато згаснувањето на Регионалната занаетчиска комора

На денешната прес конференција, првиот човек на Регионалната занаетчиска комора – Прилеп, Кирил Трпчески во име на сите 360 занаетчиски фирми од градот, упати благодарност до градоначалникот Илија Јованоски и до Советот на општина Прилеп, заради доделената финансиска помош која ќе овозможи продолжување на „животот“ на комората.

„Како занаетчиска комора на Прилеп, ние од поодамна се соочуваме со проблемот на блокирана сметка, со што беше доведено во прашање постоењето на занаетчиската комора. Долговите се настанати во периодот 2001-2008 година, кога со законските измени плаќањето на членарина од задолжителна, стана доброволна. Во тоа време занаетчиската комора имаше тројца вработени, а со тоа што не можевме да ги сервисираме обврските кон ПИОМ и ФЗО, со годините долгот растеше што доведе до блокирање на сметката“, истакна претседателот на Регионалната занаетчиска комора – Прилеп, Кирил Трпчески.

Трпчески напоменува дека, доколку занаетчиската комора не ја добиеше помошта од Општина Прилеп, се закануваше опасност од нејзино згаснување и пререгистрирање на сите занаетчиски фирми од градот во други општини.

„Во таков случај, законот предвидува во рок од 15 денови регистрите да ги предадеме на најблиската комора, со што сите занаетчиски фирми од градот ќе требаше да се пререгистрираат во Битола. Доколку при тоа им недостигаше некој документ, ќе мораше да користат нотарски, адвокатски и други услуги во општината во која припаѓаат, што истовремено ќе доведеше до зголемување на трошоците на занаетчиските фирми. Во таков случај и во услови кога занаетчиите едвај успеваат да работат со позитивно салдо, ќе се доведеше во прашање нивното нормално функционирање и голем дел од нив ќе ги затвореа своите бизниси. Така, наместо да предизвикаме развој, ќе добиевме негативни ефекти“, потенцира Трпчески.

Со доделените 600.000 денари од страна на општинскиот Совет, ќе биде целосно покриен долгот кон ФЗО, додека за останатиот долг во висина од 1.000.000 денари кој комората го има кон ПИОМ, ќе биде потпишан договор со кој Регионалната занаетчиска комора презема обврска за негово репрограмирање и