Во рамките на одбележувањето на Денот на Руската федерација, а во
организација на Сојузот на Здруженија за руско македонско пријателство –
Македонија и прилепското МРД, денеска во посета на градот под Марковите
кули беше присутен Амбасадорот на Руската Федерација во Република
Македонија, Сергеј Баздникин. Организираната манифестација беше
насловена као „Отворено во Музејот за тутун и Институтот за тутун во
Прилеп“, а причината за посетата на истата е што во Музејот за тутун се наоѓа
збирка од 54 слики на руски автори, кои за првпат денес, беа презентирани во
јавноста.
„Интересно е да се видат активностите со кои се бави овој Институт, да се
запознаам со нив. Во кои области би можеле да имаме меѓусебна соработка.
Им благодарам за поканата да дојдам и да го посетам Институтот за тутун како
голема благодарност и до градоначалникот Илија Јованоски кој не удостои со
своето присуство. Ние ќе се залагаме за натамошно унапредување на
соработката со Македонија, а токму тука би можеле соработката да ја
прошириме. Интересно е да се видат и изложените слики од руските сликари, а
во иднина може и да направиме некоја заедничка изложба“, посочи
Амабсадорот Сергеј Баздникин.
„Најпрво сакам да се заблагодарам за денешната посета на Амбасадорот на
Република Русија Сергеј Баздникин како и на иницијативата за посета на
Институтот за тутун кој е една од најстарите институции во нашата земја од
областа на тутунската наука и струка. Исто така се заблагодарувам на
Здруженија за руско македонско пријателство – Македонија и прилепското МРД
чија идеа беше денешната посета, да се видат руските слики кои Институтот ги
има во своја сопственост. На денешната средба ги запознавме со дејноста на
институцијата, со организациската поставеност на Институтот, акредитираните
лаборатории кои ги имаме 5 на број, извештаите кои произлегуваат од нив за
квалитетот на тутунот и семенскиот материјал, производствената дејност,
посочи д-р Гордана Мицеска директор на Институтот за тутун.
Градоначалникот Илија Јованоски ги поздрави присутните и иницијативата за
посетата на оваа институција.
„Денеска на мое лично задоволство по трет пат во посета на Општина Прилеп
e мојот пријател, Амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин. Ќе
ја развиваме соработката и понатаму во повеќе области економски, образовни,
културни како што е и денешната средба. Посетата на оваа институција која е
најстара во Македонија како и во градот Прилеп создадена во 1924 година е од
големо значење. Институтот за тутун ги следи светските трендови како
производството на ориентален тутун“, истакна градоначалникот Илија
Јованоски.
Научниот институтот за тутун од Прилеп (НИТП) е единствената институција од
ваков вид во нашата држава, чија основна задача е унапредување на
производството, обработка, преработка и економиката на тутунот.