СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ОД НАСТАНАТА НЕПОГОДА НА ДЕН 24.06.2019 ГОДИНА

Се информираат сите жители на општина Прилеп и населените
места, дека Комисијата за елементарни непогоди при Советот на Општина
Прилеп формира две стручни комисии за проценка на штетите од
природната непогода врз земјоделските култури. Комисиите по
доставените барања ќе излезат на терен за да ја утврдат висината на
штетата, ќе изготват Извештај и Елаборат за вкупната и поединечните
штети, кои подоцна со одлука на Советот на Општина Прилеп се
доставуваат до комисија која што ја формира Владата за понатамошна
постапка.

Ги информираме жителите на општина Прилеп и населените места,
дека секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на
Општина Прилеп на ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1. можат да ја достават
следната потребна документација за утврдување на настанатата штета:

1.Барање (ќе го подигнете од приемното одделение)
2.Соодветен документ со кој ќе докажете владение или сопственост
(имотен лист, договор за закуп)
3. Копија од лична карта
4.Копија од трансакциона сметка

КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА

ОД НАСТАНАТАТА НЕПОГОДА Е (СРЕДА) 03.07.2019 ГОД