Во тек се подготовките за прославата на големиот христијански празник „Свети Никола“. По повод чествувањето, домаќините на годинешната градска слава од хотелот „Салида“ со голема посветеност работат на подготовки на сите активности што се одбележуваат на 19-ти декември во Прилеп.
Домаќините на славата, чествувањата ги започнуваат со присуство на утринска богослужба во црквата „Свето Благовештение“. Потоа литијата од црквата ќе се упати до параклисот што го носи името на светецот во центарот на градот.
За подготовка на вкусните светиниколски сарми се ангажирани дел домаќинки, коишто традиционално ја подготвуваат трпезата во центарот на градот. Војници од касарната „Мирче Ацев“ ќе го подготват светиниколскиот грав.
Општина Прилеп и хотелот „Салида“ ги покануваат граѓаните на чествувањето на градската слава „Свeти Никола“, која што ги негува вековните традиции на прилепчани.