Се уредува и тампонира улицата покрај Дабнички канал

Општина Прилеп продолжува со планираните активности за уредување и
асфалтирање на улиците во градот и населените места.

Деновиве интензивно се работи на уредување и тампонирање на улицата покрај
Дабнички канал, наспроти касарната „Мирче Ацев“.

„Прво се врши порамнување на улицата со постоечкиот материјал, после што ќе следува и нејзино тампонирање. Улицата беше во доста лоша состојба, а со извршените зафати ќе се подобри движењето и на пешаците и на возилата. Работите се изведуваат од раскрсницата со улицата ‘Борис Кидрич’, до спојот со улицата ‘Тризла’. На одделни места улицата има стеснувања, но тоа нема да биде проблем со постојната механизација да ги завршиме потребните работи“, вели Блаже Богоески, надзор на градежните работи.

Откако ќе биде извршено тампонирањето, ќе биде изработена техничка
документација со цел улицата да биде и асфалтирана.