Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска разговараа со жителите од урбаните заедници „Гоце Делечев“ и „Чачорица“ каде во тек се активности за тампонирање и асфалтирање на улици.
Во урбаната заедница „Гоце Делчев“ поставен е тампон на четири краци и асфалтиран е дел од улицата „Славеј планина“. А, во урбаната заедница „Чачорица“ по завршување на другите градежни активности улицата „Киро Базеркоски“ наскоро ќе се асфалтира.
Според најавите на градоначалникот Јованоски и министерот Сугарески со почеток на новата градежна сезона и во другите делови од градот, ќе се интензивираат градежните активностите за изградба и реконструкција на патна инфраструктура.