Отворен ден на НАТО

Почитувани,

По повод одбележување на Денот на НАТО а во рамки на активностите од НАТО неделата, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Општина Прилеп, утре петок 5-ти април, со почеток во 12.00 часот, на „Арт“ плоштадот пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, организира отворен ден за граѓаните.

На отворениот ден, граѓаните ќе можат да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, потоа познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“ и да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на Армијата.

Истовремено, во соработка со Црвениот крст, во просториите на Центарот за култура ќе биде организирана и крводарителска акција на која покрај припадниците на Армијата, ќе можат да се приклучат сите заинтересирани граѓани.

Со почит,

Општина Прилеп